Каде и да се појави српската старлета Сораја Вучелиќ го привлекува вниманието на јавноста поради својот изглед.
Така доминираше вечерва на Јахорина каде старлетата заминала на мини-одмор.
Денот го искористи за прошетка и уживање и одмор, а вечерта беше резервирана за забава, па се дотера соодветно.
Таа облече мини црн фустан со длабоко деколте, а потоа седна на скалите и позираше.
Не можевме да не ги забележиме чевлите со змиски принт и високи потпетици, но ако се суди по коментарите, највпечатливо беше деколтето.
„Моќ“, „Какво деколте“, „Првото деколте на Јахорина“, „Омажи се за мене“, „Можам да летам со тебе“, се дел од коментарите.