Влатко: По сто пати сум ги запирал плочите за да научам некое соло  (ФОТО)

by Тони Зографски

(Фото: Н. Панчиќ)

Влатко Стефановски минатиот викенд гостуваше во Белград и Нови Сад и даде интервју за тамошните медиуми.

“ Музиката на Балканот е големо богатство на кое мораме да се гордееме. Ако во светот за тоа немаат поима, тогаш тоа е нивен проблем. Раскошот на балканската музика одама ја препознав и се обидов преку моите интерпретации да ја афирмирам“ – вели Влатко во дел од интервјуто и додава:

“ Мојот син Јан е заинтересиран за тапани и брзо учи и напредува. Денеска се е достапно на интернет. Ние порано моравме на сто пати да ги запираме грамофонските плочи за да совладаме некое соло на гитара… Денеска е се подруго. Има многу млади луѓе кои ќе бидат врвни музичари и ќе успеат да ја избегнат тоталната естрадиција на нашите живот која владее во светот“.

(Фото: З. Јевтиќ)

останати вести