Сопствениците на кучиња се поотпорни на кардиоваскуларни заболувања, а поседувањето на таков миленик е добро за здравјето и расположението, открива неодамнешно истражување спроведено во Шведска.
Во истражувањето учествувале речиси четири милиони лица на возраст меѓу 40 и 80 години.
Сопствениците на кучиња подобро реагираат на стрес, имаат поголема физичка активност и значително помало ниво на холестерол во организмот.