Актерката и нејзиниот поранешен сопруг објавија дека се разведуваат по четири години брак.
Откако ја видел, односно слушнал спорната снимка од безбедносните камери, донел одлука за развод. Подоцна побарал заедничко старателство над нивните две ќерки, на што таа се жалела дека ѝ забранил да патува со децата. На крајот постигнале договор, вонсудски.
По нималку лесниот период, Софи Тарнер пронашла нова љубов.
Софи Тарнер и британскиот аристократ Перегрин Пери Џон Дикинсон Пирсон биле видени како се бакнуваат неодамна во Лондон. Изворот раскажал дека двајцата се зближуваат и како таа обожува да минува време со него. Рано е да се каже дали станува збор за сериозна врска, но засега сè се одвивало одлично.
За оваа врска се дознало на крајот од октомври кога парот бил забележан во Париз, а бакнежите биле протолкувани како уште една потврда за романсата.
Пирсон се смета за еден од најпосакуваните ергени во Велика Британија.
Богатството на неговото семејство се проценува на 225 милиони долари. Новата љубов на Софи Тарнер е најстариот син и наследник на четвртиот виконт, Каудреј Мајк Пирсон, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен филмски продуцент. Тој е сопственик на вистинска медиумска империја.
Она што на почетокот изгледало како краткотрајна романса, почнува да наликува на нешто сосема поинакво. Дали Софи е спремна за нешто такво само неколку месеци по нејзиниот развод?
„После четири прекрасни години брак, заеднички одлучивме пријателски да го завршиме нашиот брак. Постојат многу шпекулации зошто, но ова е навистина заедничка одлука и искрено се надеваме дека секој може да ги почитува нашите желби за приватност за нас и нашите деца“, гласело соопштението за разделбата на Софи Тарнер и Џо Џонас.
Актерот кон средината на октомври го повлекол барањето за развод, кое во септември го доставил до судот во Мајами. Одлучиле да решат сè во четири очи и се разидат ван судницата. Благодарение на посредништвото, поранешниот пар постигнал привремена спогодба за старателството над децата (имаат две ќерки). Во документите било наведено дека имаат намера да ги решат сите проблеми на пријателски начин. Тарнер и Џонас одлучиле нивните ќерки да поминуваат две недели со едниот родител, а потоа со другиот. „На вистинско место, во вистинско време, ја правам вистинската работа“, напишал Џонас по важната одлука за старателството.