Љубовната приказна на Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан е доста необична. Тие двајца се во брак повеќе од 20 години, а позади себе тие оставија еден бурен период.
Тијана и Милан се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по четири дена забавување, тие започнале да живеат заедно. Во 2001 година на 28-ми април тие и се венчаа.
Меѓутоа, неколку години подоцна, нивниот брак го тресеше скандал.
Милан тогаш бил фатен во непријатна ситуација со една келнерка, а како што медиумите пренесоа, Тијана му го простила овој „излет“ и повеќе никогаш не зборувала за тоа.
Меѓтуоа, после тоа, во 2015 година се појави вест за брачна криза. Објавено беше тогаш дека Тијана се разведува. Тогаш Тијана некое време живеела сама, а подоцна сфатила дека сака да му прости, бидејќи сфатила дека не може без него.
Изјавила дека нивниот брак не е идеален, но дека опстојува благодарение на љубовта помеѓу нив двајца.