Никола – Коки Јанков, музичарот од некогаш легендарното музичко дуо „Дуле и Коки“ сподели неверојатна вистинита случка која никого не остава рамнодушен.
Имено, тој запознал човек кој си ги крстил децата близнаци токму по нив – Дуле и Коки.
„Од време на време ќе сретнеш, ќе разбереш, ќе слушнеш некоја случка или приказна, но ова е вистинска љубовна приказна. Не беше за верување, ама ќе те тресне, па се чудиш дали е за верување или не. Дури свирев таа вечер, имаше еден пар, маж и жена, што некако двоеја од останатите луѓе од таа маса, кај што седеа, а беше голема маса. Нема, нема, па со поглед човекот како да сакаше да ми каже нешто. Не знам како при крај некој викна „Седи Коки, одмори малку“ и седнав, ама баш до човекот за кого ви зборувам… Ми рече вака „Брат, заминати сме од Македонија, одамна, имам двајца синови, близнаци, од по 13 години се“. Ех, реков, супер, како ќерка ми (му влегов во збор). „Ќе погодиш ли како се викаат?“, ме праша. Кревам раменици. „Дуле и Коки – по вас“, ми кажа. Штамааа, кнедла! Чест е, а? Можам да напишам уште нешто… Ама не можам. П. С. Му реков на Ѓорѓи (таткото) да ги донесе утре да ги гушнам.“ – сподели Коки на својот Фејсбук профил.
Инаку, Дуле почина во 2013 година, на само 38 години.