Изненадувачки провокативно издание на Антонела Меси, сопругата на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.
Атрактивната Антонела Меси со супер секси издание се појави на роденденот на помладата сестра на сопругот Лео.
Поубавата половина на Лео воодушеви на вечерата во чест на 30-тиот роденден на помладата сестра на нејзиниот сопруг.
Иако претходните неколку дена беше објавено дека најдобриот светски фудбалер ја изневерил сопругата Антонела со позната новинарка, сепак, според последните фотографии, изгледа дека Лео и неговата поубава половина не се заинтересирани воопшто за новинарските шпекулации и вистински уживаат во Мајами.
Брачната двојка е видена во ресторанот „ Sexy fish” каде поминале два часа на вечера за 30-тиот роденден на Марија, помладата сестра на Меси.
Антонела на роденденот изгледаше попровокативно од кога било во жешко издание со црн краток мини фустан со шлиц.