Сопругата на Канје Вест повторно одлучила да носи предизвикувачка модна комбинација.
На забавата по повод преслушувањето на претстојниот албум на Вест „Vultures 2“, Ценсори се појавила во црно боди кое ги нагласило нејзините бујни гради и задник. Сепак, покажала повеќе отколку што треба затоа што бодито кое го носела било во облик на танга во долниот дел. Трендот „без панталони“, се чини дека не престанува за оваа девојка.
Модната комбинација Ценсори ја надополнила со црни салонки. Оваа одлука повторно да носи предизвикувачка облека доаѓа за помалку од една седмица откако таа била видена во Париз во многу поскромно модно издание кое ги покрило нејзините деколте и нозе.
Вест одлучил да носи „Yeezy“ маица со капа која ја искомбинирал со кожен капут од брендот „Balenciaga“, црни панталони и чизми.
Лео Ценсори, таткото на Бјанка, претходно изјавил дека сака да се види со Канје и да го праша за што размислува додека парадира со Бјанка наоколу, пренесува „Page Six“.
„Сака да го праша Канје што би направил доколку неговите ќерки Норт и Чикаго во јавноста шетаат полуголи, во облека која ја потенцираат нивните сопрузи“, изјавил изворот близок до семејството на Бјанка.
Пријателите на Бјанка наводно веќе се обиделе да разговараат со неа за одлуките кои ги носи Канје во нејзино име, но тврдат дека Ценсори не ги послушала нивните совети.