Хабиб Нурмагомедов, во неколку наврати покажа дека е еден о најдобрите ММА борци во историјата. Славниот борец се повлекол од октагонот на крајот од 2020 година со импресивен рекорд од 29-0.
Тој во текот на целата кариера потенцирал дека семејството му била најголема поддршка, дека сите успеси ги потигнал благодарение на нив, а сега одлучил да се прензионира поради семејството.
Освен неговите родители кои секогаш биле покрај него, најголемата поддршка на Хабиб е неговата мистериозна сопруга Патимат. Хабиб и Патимат биле заедно уште од детството. Потекнуваат од исто слео, заедно оделе на училиште, седеле во иста клупа, не се разделувале. Меѓутоа, кога Хабиб се преселил во Махачкала, изгубиле контакт.
Интересно е што дедо му ја избрал сопругата, која се смета за света во муслиманските семејства. Хабиб пред својот дедо донел 6 жени, а потоа била избрана онаа вистинската, а тоа го открил таткото на познатиот борец.
На традиционалната свадба која била по дегистански обичаи имало дури 1.200 гости. Невестата носела дебел бел вел, како никој не би можел да ѝ го види лицето. Поминале 7 години од венчавката, а до ден денес никој не знае како изгледа Хабибовата Патимат. Оваа жена е вистинска мистерија за целиот свет.
„Моето семејство е затворена тема“, изјавил во една прилика борецот.
Хабиб и Патимат имаат две деца, ќерката Фатима и синот Магомед, во кого Дегистанецот го гледал својот наследник во октагонот.
„Мислам дека ќе тргне по моите стапки, кога се враќав дома го гледав како спие со мојот појас. Верувам дека тоа е добар знак“, изјавил своевремено Хабиб.