Синот на Весна Петрушевска Бејби, Кирил оди кај својот татко Јанко Тренкоски во Хјустон каде што ќе ја изучи четвртата година од гимназијата, а потоа таму ќе ги продолжи и студиите. Весна на Фејсбук напиша емотивна порака.
„Некој брои гласови, некој денови. Родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете. Сè е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран, ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата. Солзи капат сами. Гаќи и патики му купив дека немало таму, а од стрес може и семки ќе му спакувам“, напиша Весна, која за 8 дена треба да го испрати синот Кирил во САД.
Инаку, пред дваесетина дена актерката на својот Фејсбук профил напиша:
“Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“.
Освен Кирил, Весна ја има и 15-годишната ќерка Мина.