СНИМКАТА ОД КАТАР ЈА ПОГЛЕДНАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 11. МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Се обидел тајно да намигне, а реакцијата на неговата девојка го „запалила“ интернетот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Моментално највиралното видео на Твитер е една несекојдневна сцена од трибините на Светското првенство, која се случила за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.

Имено, камерите „уловиле“ една комична сцена на трибините во која млад Бразилец ѝ го држел телефонот со вклучена предна камера на својата поубава половина за да ѝ помогне да си ја поправи шминката.

Меѓутоа, додека таа сконцентрирано го поправала ајлајнерот, а тој го држел телефонот, гледајќи што се случува околу него, на теренот и на трибините, во еден момент некому намигнал и се насмевнал.

останати вести