Студентите на колеџ во градот Легаспи беа замолени да носат таканаречени „капи против мамење“ за да се спречи мамење на испитите. Многумина одговорија со правење „рачно изработени“ капи од картон, кутии за јајца и други рециклирани материјали.
Нивниата менторка изјави за BBC дека барала „забавен начин“ да обезбеди „интегритет и чесност“ на часовите.
Мери Џој Мандане-Ортис, професорка по машинско инженерство на инженерскиот универзитетски колеџ Бикол, вели дека идејата е „навистина ефикасна“.
Методот беше применет за време на неодамнешните полугодишни испити што ги полагаа стотици студенти во третата недела од октомври.
Мандане-Ортис вели дека нејзиното првично барање било студентите да создадат „едноставен“ дизајн од хартија. Била инспириран од техника која наводно се користела во Тајланд неколку години порано.
Исто така во 2013 година фотографијата на која се прикажани студенти на Универзитетот во Бангкок како прават тестови додека носат специјални „наушници“ – листови хартија залепени на двете страни од главата, стана вирална.
Професорката Мандане-Ортис вели дека нејзините студенти ја прифатиле идејата и за „само 5 минути“ заедно со неа создале „иновативни“ покривала со секакви остатоци што ги нашле наоколу.
Некои носеле капи, шлемови или маски во стил на Ноќта на вештерките, с со цел да го исполнат барањето.
Серијата објави на Facebook од самата професорка набрзо станаа вирални на социјалните мрежи и за неколку дена го привлекоа вниманието на светските медиуми.
„Капите“ набрзо станаа вирален хит, инспирирајќи ги другите училишта и универзитети во другите делови на земјата да ги охрабрат своите ученици да дизајнираат сопствена покривка против мамење.