Нусрет Мумиќ од Живинице во БиХ пензијата ја заработил со работа во рудникот за јаглен „Ѓурѓевик“. Кога требало да се одмори и да ги помине пензионерските денови среќно, овој 65-годишник се разболел. Пред пет години, му била дијагностицирана цироза на црниот дроб.
Отпрвин, тој немал идеја колку е опасно и дека единствениот спас за него ќе биде трансплантација на црниот дроб.
Нусрет има три сина, но никој од нив не можел да биде донатор на црниот дроб, како што покажале анализите. Сепак, се појавила шанса за Нусрет. Неговата снаа Алмира Мумиќ, сопруга на најстариот син на Нусмир, одлучила да донира дел од црниот дроб на својот свекор, и да му го спаси животот.
Операцијата била успешна и Нусрет се чувствува добро. После операцијата,и Алмира е чувствува добро, која веќе се врати дома.
Алмира е среќна што направила хуман чин.
“Благодарам на сите за поддршката и желбите за брзо заздравување. Добро сум, фала му на Бога. Свекорот е одличнао, но тој ќе биде дома малку подоцна затоа што пациентите со трансплантација треба да бидат во болница малку подолго”, рекла Алмира.