„Од кога градите станаа важен дел од фудбалот“, се прашува романската тенисерка Андреа Присакари, алудирајќи на најжестоката навивачка на хрватската фудбалска репрезентација, Ивана Кнол.
На СП во Катар, Хрватска се пласираше во полуфинале со победата против Бразил.
Со својот начин на облекување, Ивана воодушеви многумина, а се најде и во многу светски медиуми. Освен тоа, драстично ѝ се зголемил бројот на следбеници на Инстаграм, па нејзиниот профил сега го следат повеќе од 2,2 милиони корисници.
Откако неколку нејзини фотографии станаа вирални, се јавија и оние на кои нејзиниот стил на облекување не им одговара.
„Во земја во која некои правила се задолжителни, можеш да бидеш секси и со поинаква облека, тоа ти го ветувам“, порача Андреа на својот Твитер профил.
Истомисленичка на Андреа вели дека Ивана „сигурно тврди дека сака луѓето да ја знаат поради умот, а не поради градите“, на што тенисерката ѝ одговорила:
„Не знам што тврди, но тоа сигурно нема никаква врска со фудбалот. Навивам кога некој е секси и секогаш ќе го правам тоа, но ова едноставно е непочитување“.
Инаку, иако медиумите објавија дека Ивана ќе се соблече ако Хрватска го освои СП во Катар, таа го демантираше тоа.