Во морето на големи поскапувања, во кое до сега водеа трговците на мало, сега со високите цени шокираат угостителите.
Еден таков случај ни доаѓа од Трогир, Хрватска, каде туристите беа шокирани од цените на ќебапите.
Трогир најмногу го привлече вниманието последниве денови. Од тој далматински град, како што пишува Слободна Далмација, доаѓа најновото ценовно изненадување кое ги тера потрошувачите да ги облее студена пот.
Но, по него од областа Трогир, од кампот Сегет Врањица, дојде можеби уште појака сметка, за кафе со млеко, за која гостинот платил 4,50 евра или 33,91 куни. Не се наведува дали макијатото било големо или мало, со топло или ладно млеко, како и какво кафе користи сопственикот, но во сите варијанти сметката е превисока.
И кога шокот малку стивна по ваквите сметки, се јави друг гостин од Трогир кој реши да се почасти со ќебапи на пазарот во Трогир. Таму, пишува, средните ќебапи чинат 6,5 евра, што е 48,97 куни, а помфритот 4 евра или 30,14 куни. Така тој оброк без пијалоци, чија повисока цена се подразбира, го чинел 10,5 евра или 79,11 куни. Без бакшиш за келнер. Мала порција е 5,5 евра, додека за 10 ќебапи треба да платите осум евра или околу 500 денари!
Гостинот од Трогир е толку упатен и педантен што пресметал дека ова е зголемување од лани од приближно 40 отсто за ќебапите и 50 отсто за помфритот.