Словенечкиот премиер Роберт Голоб (55) и 20 години помладата мисица Тина Габер (35) се појавиле заедно на доделувањето на Прешерновите награди во Љубљана и со тоа ги потврдиле шпекулациите за љубовната врска за која веќе некое време се пишува во словенечките медиуми.
Премиерот Голоб не сака да зборува за љубовниот живот, но по појавувањето во јавноста со Тина сите се прашуваат која е младата манекенка која тој ја љуби?
Габер од претходно ѝ е позната на словенечката јавна сцена. Таа е поранешна „Miss Hawaiian Tropic“, ТВ водителка, инфлуенсерка и поранешна лобистка. Оваа поранешна мисица на Инстаграм има повеќе од 19.000 следбеници, а сака да споделува искуства од патувањата. Инаку е веганка и голем борец за правата на животните.
Пред премиерот, Тина била во врска со пејачот Јан Плестењак, а се пишуваше и дека се забавува со поранешниот словенечки министер за транспорт и врски, Патрик Влачич.
Голоб минатата година се разведе од сопругата Јана Немец. Разводот не сакал јавно да го коментира, додека во една словенечка ТВ емисија открил дека живее сам со децата.
Predsednik @vladaRS Robert Golob in njegova partnerka Tina Gaber sta v dvorano Cankarjevega doma vstopila skupaj.
Več na: https://t.co/SbVcCSd47d pic.twitter.com/qQfiBpItYu
— N1 Slovenija (@n1slovenija) February 7, 2023