Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска преку социјалните мрежи сподели информација дека некој ја следи и дека и се заканува.
Ме сликате, ме следите и се заканувате. Предходно не ме критикувавте за работењето туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте. Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност.
Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува. Скопје 7 месеци по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град.
Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори и на јавноста: Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена. Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство.
Значи, да го повториме прашањето:
Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена“, напиша Петровска на „Фејсбук“.