„ХОРХЕ АМНЕСТИРАШЕ 56 ЛУЃЕ, ОВИЕ ГИ АМНЕСТИРААТ СИТЕ“: „Се е исто само него го нема“, адвокатот Јанаки за измените на Кривичниот законик

by Тони Зографски

Адвокатот Јанаки Митровски, распали за измените на Кривичниот законик со европско знаменце, а со кои се предвидува драстично намалување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување.

„Владата и лично премиерот предлагаат поради наводна потреба од усогласување на регулативата со ЕУ(европско знаменце) драстично намалување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување. Сето ова во услови на масовна коруптивност на носителите на функции.
Опозицијата си молчи бидејќи утре и за нив ќе важи.
Хорхе амнестираше 56 луѓе овие ги амнестираат СИТЕ. Се е исто само него го нема.
Патем сите кои сега се судат во моментот ќе можат да се повикаат на примена на поблаг закон. Држава? Жабокречина!!!“ напиша тој.

останати вести