Миријам Марголис многумина ја сметаат за најбестрашно британско национално богатство.
Миријам Марголис, ѕвездата на филмот „Хари Потер“ многумина ја засакаа поради нејзината смисла за хумор и непосредност. Таа е позната по тоа што со своите духовити коментари за славните личности до солзи засмејува милиони луѓе. За време на нејзиниот настап на Хеј фестивал, таа се осврна на некои од колегите, па откри дека Лили Ален е единствената гостинка која упорно не ѝ се допаѓа бидејќи не знае како да се „однесува“. За Мик Џегер изјави дека е „арогантен“, а не ги поштеди и другите јавни личности за кои проговори без влакна на јазикот.
Лили Ален
Миријам откри дека доживеала непријатно искуство со англиската пејачка и актерка за време на едно гостување во емисија во 2014 година. Тие двете се судриле, па Миријам изјави дека пејачката мислела оти целата емисија ѝ е посветена нејзе и дека сè се врти околу неа.
-Не беше дружељубива и тоа не ми се допадна, па и јас и ја покажав својата страна, што не беше убаво од мене, но бидејќи е многу помлада од мене, требаше да ја научам како да се однесува.
Леонардо ди Каприо
Холивудскиот срцекршач Ди Каприо, Миријам го опиша како „смрдлив“ за време на еден настап во емисијата The Morning во 2022 година. Таа се осврна на неговата (не)хигиена за време на еден престој во Мексико, па изјави дека „било многу топло, а момчињата очигледно не се мијат и не мирисаат како што треба“.
Еднаш од продукцискиот тим на „The Morning“, оваа актерка побарала да си ја проверат својата лична хигиена.
Мик Џегер
Миријам не се воздржуваше ни кога се работи за познатата рок ѕвезда, па „распука“ по него карактеризирајќи го како „скот за жалење“. Откако призна дека не ѝ се допаѓа неговата музика, се осврна на настан од пред 20 години кога таа се појавила на сцена заедно со неговата тогашна девојка Софи Дал во филмот „Вагинални монолози“.
– Доаѓаше зад сцената и беше еден кутар кретен. Непријателски настроен, мислам дека дури ни со неа не се однесуваше добро. Беше многу постар од неа. Не сум музички сноб, но неговата музика не ме импресионира.
Арнолд Шварценегер
Актерот Шварценегер ѝ оставил лош впечаток на Миријам откако на еден сет прднал, со што ја вознемирил, додека тој, како што изјавила, гласно ѝ се смеел право в лице.
– Беше привилегиран пипкач, но мене не ме пипкаше зашто не му се допаѓав, не ме сакаше. Тој е многу здодевен човек – открила Миријам.