Холивудската глумица Џејми Ли Кертис го опушти стомачето и ги покажа несовршеностите на фотографијата што ја објави на својот Инстаграм-профил.
Споделувајќи ја својата фотографија од сетот, Кертис рече дека филмот е снимен и завршен непосредно пред почетокот на пандемијата на Ковид-19.
„Постои индустрија во светот – милијарда долари, индустрија вредна трилион долари – крие нешта“, напишала ѕвездата во изјавата.
„Коректори. Вештачко обликување на телото. Полнила. Зафати.Облека. Прибор за коса. Производи за коса. Се за прикривање на тоа што сме“.
Таа испратилала јасна порака
„И мојата инструкција до сите беше: Сакам да нема прикривање“, објасни Кертис. „Многу конкретно решив да се откажам и да го ослободам секој мускул што го користев за да ја кријам реалноста. Тоа беше мојата цел“, продолжила таа, додавајќи:
„Никогаш не сум се чувствувала послободна креативно и физички“.
Кертис наишла на пофалби од фановите во коментарите, кои и аплаудираа што е толку искрена за нејзиното тело и традиционалните стандарди за убавина.
„Изгледате автентично, не како карикатура“, напишал еден следбеник.