Холивудската глумица Џулија Роберт објави ретка фотографија со својот сопруг, Даниел Модер по повод 18 години од својот брак.
52-годишната оскаровка и една година помладиот снимател се запознаа во 2.000 година на снимањето во Мексико, а се венчаа две години подоцна.
Тие имаат три деца, Хенри (12) и 15-годишните близнаци Финас и Хазел.
Инаку, двојката ретко споделува интимни моменти на социјалните мрежи. Лани, на денот на мајките Модер објави посвета наменета за Џулија, а претходно, последната фамилијарна фотографија ја споделија во 2017 година.