“ВОДАМ ЉУБОВ ДВА ПАТИ НА ДЕН“: 73-годишната глумица ја откри тајната на нејзината убавина (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската глумица Сузана Сомерс (73) докажа дека годините се само бројка.  Иако има шест внуци, Сузана со своето младешки изглед и совршено тело изгледа одлично.

Во интервју за “Hollywood life”  Сузана открива дека храната и сексуалниот живот се најважи за зачувавање на убавината.

-Јадам само органска храна. Путер, маслиново масло, полномасно сирење, органски протеини. Никогаш не сум на диета. Денот го започнувам со спанаќ, кала, џумбир и смути од јаболка. Во текот на денот јадам три полни чинии зеленчук. Често јадам јајца и тост направен од житарици од цели зрна, а потоа додавам путер и морска сол. За вечерам најмногу консумирам јагнешко, салата и сладок компир – вели Сузана која смета дека добриот сексуален живот е многу важен за нејзиниот изглед.

-Ми се допаѓа како изгледам на 73 години. Сакам да кажам дека на овие години не треба да се откажете од секс. Јас и мојот сопруг обично водиме љубов два пати на ден – се пофали згодната глумица чиј сопруг е 83-годишниот Алан Хамел.

останати вести