Проблемот со загадувањето никако да престане во главниот град Скопје. Иако Владата долго време најавува мерки против аерозагадувањето, сепак на дела се уште не покажала ништо.
Скопјани продолжуваат да се задушуваат во загаден воздух, кој е смртоносен за белите дробови, а клиниките постојано се полнат со лица кои се пожалиле на проблеми со дишењето.