Галиите во Вардар во центарот на Скопје ќе останат до 2035 година – објави порталот сдк.мк Имено, тогаш истекува последниот договор кој Град Скопје, кога градоначалник беше Коце Трајановски, го склучи на 20 години со фирмата „Воденица“. Другите два договора, кои при јавното наддавање беа склучени со фирмата „Фаланга“ на фризерот Давор Андреевски, а денеска имаат други сопственици, се на десет години и истекуваат во 2026 и 2027.
Друг начин да се отстранат бродовите од Вардар е Град Скопје да ги урне, но за тоа ќе треба да плати оштета на сопствениците. Според проценките тоа би чинело околу 6 милиони евра, а Градот нема пари за да дава милиони евра за уривање и обештетување.
Инаку, Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, со кој се потрошија 700 милиони евра за да се измени ликот на центарот на Скопје.
Повеќе на сдк.мк