Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за она што му се случи на Скопје пред неколку дена. За прв пат во историјата остана без јавен превоз!
Новинарката Ана Зафирова со свој коментар на темава.
-И официјано провинција.
Фала ви на сите некадарни кои престолнината на брутализмот ја згмечивте, згазивте, распарчавте, пеплосавте и го уништитвте градот, па денес е со тромбови, запушен, закрчен, без крвоток… И не помага веќе добар трансфузиолог, ни конзилиум, не знам дали ќе преживее.
Особена благодарност до надрилекарката во бело или беж костумче која ја уништи и надежта….
Жал ми е Скопје, и за тебе и за мене!