Жена (47) од Скопје претрпела сериозни повреди откако во неа удрил електричен тротнет, а инцидентот се случил во Општина Карпош, информираат од МВР. Според информациите на полицијата, несреќата се случила на 24 овој месец на улица Љубљанска, а жената вчера го пријавила случајот во полиција.
„Вчера во СВР Скопје М.К.(47) од Скопје пријавила дека на 24.12. во 20:15 часот на улица Љубљанска била удрена од едно лице кое управувало електричен тротинет. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ ѝ била укажана лекарска помош“, соопшти полицијата.
Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ ѝ била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.