Откако српските медиуми ја пренесоа веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, Балканот се збогува со него.
Денеска и скопјани со собир пред Универзалната сала со почеток во 19 часот ќе му оддадат почит на големиот Балашевиќ.
Инаку, во Нови Сад од синоќа почнаа да се собираат луѓе кои со болка ја пееја неговата песна „Кад одем“, а знамињата на градските институции беа спуштени на половина копје во знак на жалост.