Пенелопе Круз прошета во Венеција во костим на Шанел и спортска маичка (ФОТО)

by Тони Зографски

Пенелопе Круз во класичен костим на Шанел искомбиниран со едноставна маичка  пристигна во Венеција на Филмскиот фестивал кој се отвара вечерва и ќе трае до 7 септември.

Во Венеција беше забележана со режисерот Педро Алмодовар , а внимание привлече и изборот на гардеробата-костим од твид на Шанел со памучна маица и  кусо здолниште. Облеката ја дополни со бела чанта, бели сандали „Шанел“ на висока потпетица и елегантни црни очила за сонце.

Инаку, шпионскиот филм „Мрежа за оси“ во кој Пенелопе Круз глуми е во трката за „Златниот лав“ заедно со уште 20 филмови.

останати вести