Младиот фудбалер Никола Стевановиќ Коле (26) од селото Долна Крајница кај Лесковац, по кобниот скок од карпа, 12 дена се борел за својот живот и таа битка ја изгубил. Не се разбудил од кома. Почина во Скопје, дознава “Jugmedia“.
Коле со друштво летувал на Охридското езеро. Во еден момент тој скокнал од карпа но долу имало подводен камен и тој го скршил вратот и шестиот кичмен пршлен.
Веднаш бил префрлен во Скопје и опериран. Но, откако паднал во кома веќе не се разбудил.
“Беше добар фудбалер и добар човек. Високо и силно момче. Тага, голема тага”, рекол секретарот на ГФС Лесковац, Милован Глушац.
Comments are closed.