Голем шумски пожар беснее деновиве во близина на манстирот „Св. Преображение“ во Крушево. Екипите на противпожарната единица заедно со армијата и локалното население, веќе неколку дена се борат со пламените јазици, да не дојдат до самиот манастир.
Сестрата на Тоше Проески, Дора на нејзиниот профил на Фејсбук повика за помош во гаснењето на пожарот. Тоше помагаше за изградба на манастирот
Командирот на крушевската противпожарна единица, Шули Ангелески порача дека состојбата е критична и пожарот се шири кон селото Арилево.
„Состојбата не е сјајна. Критично е уште. Имаме поддршка од хелокиптерите, пешадија од војската и локалното население, од јавните претпријатија. Се прави заштитна патека, за пожарот да не стигне до манастирот. Другиот дел е локализиран, а пожарот се шири во два правци. Едниот крак е накај селото Арилево, а другиот накај ловечките домови“, изјави Ангелески за Фокус.
https://www.facebook.com/100012367146253/videos/768967190192179/?t=0