По филмскиот фестивал во Венеција, најплатената светска глумица Скарлет Јохансон се појави и на фестивалот во Торонто, на промоција на нејзиниот филм “Jojo Rabbit“.
Холивудската глумица блескаше на црвениот тепих во елегантен сребрен фустан, каде до израз дојде нејзината одлична линија. Во еден момент Скарлет се свртила, и ја покажала тетоважата на грбот во облик на ружа.
Инаку, пред неколку недели во Сан Диего, глумицата освено со тетоважите вниманието го привлече и си вереничкиот прстен кој чини 400.000 евра. Како илустрација, Скарлет Јохансон лани заработила 56 милиони долари.