Синоќа се случила тешка сообраќајка на патот Удово-Гевгелија, при што повредени се 29 мигранти.
-Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, такви ни се првичните информации, изјавиле од Брза помош Кавадарци за МИА.
Според информациите, околу 50-тина мигранти се наоѓале во камионот.
Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската.
МВР го потврди настанот.
-Вечерва во 18:10 пријавено е дека товарно возило излетало од патот на клучка од с. Марвинци кон М1, рег. пат Гевгелија – Д. Капија. Утврдено е дека се работи за товарно возило „Сканија“ со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР и за утре најавија детални информации.