СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА НА ФЕЈСБУК: Огромна чест е кога во Лондон те пречекуваат со „Јовано, Јованке“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска вчера беше во официјална посета на Велика Британија, каде што наместо македонската химна, на министерката и беше отсвирена македонската песна „Јовано, Јованке“.

– Огромна чест е кога на церемонијата за пречек, британскиот воен оркестар ја изведува нашата „Јовано, Јованке“. Благодарам за честа до мојот британски колега, Бен Валас. Сојузниците се посилни заедно. #StrongerTogether, – објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Во прилог на објавата Петровска објавува и видео од вчерашниот настан, кој предизвика бурни реакции кај Македонците поради замената на македонската химна со инструментална изведба на народна песна.

останати вести