Со истакнати транспаренти и недолични скандирања, во салата на Македонскиот народен театар (МНТ),,навивачката група „Шверцери“ на некогашна Слога, а сега Шкупи, го одбележа 30-тиот роденден.
Според неофицијални информации, Министерството за култура дозволило, навивачката група својот роденден да го прослави во една од најубавите македонски културни институции.
,,Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!“-реагира на ФБ потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски.
На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата, пишува спорт1.мк