Пејачот Хари Стајлс доживеа помал инцидент на концертот во Чикаго. Имено, тој за време на настапот бил погоден со шише кое излетало од публиката и кое заврши во неговото меѓуножје, додека неговата реакција ги насмеа сите присутни.
Имено, пејачот најпрво се свитка од болка и му требаа неколку моменти да си дојде при себе, а потоа им се обрати на присутните.
„Па, ова е незгодно“ – кажа тој шеговито, додека воздивнуваше во микрофонот.
По неколку моменти почна да скока и да ги тресе нозете за да се врати во нормала, а потоа и се пошегува и со пискав глас ѝ се обрати на публиката, која се смееше до солзи. Набрзо потоа, продолжи со концертот, како ништо да не се случило. Видеата од овој концерт денес ги преплавија социјалните мрежи.
„Престанете да фрлате работи на овој човек“, „Сега го сакам уште повеќе“ – гласеа само некои од коментирите на воодушевените обожаватели.
“Well that’s unfortunate.” #LoveOnTourChicago #Residency5 (Via TheHarryNews) pic.twitter.com/uldhmVUxWK
— Harry Styles Updates. (@TheHarryNews) October 15, 2022