Холандскиот репортер Сјо рд ден Дас кој известувал за Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на свечената церемонија за отворањето на Игрите, бил окружен од неколку лица од обезбедувањето кои потоа го одвлекле. Инцидентот се случил во текот на пренос во живо, преносот бил прекинат, а водителката останала во целосен шок.
Мерките во Кина за време на Зимските олимписки игри се многу ригорозни и нема флексибилност, а за тоа е доказ снимката која кружи на социјалните мрежи. Холандскиот репортер Сјорд ден Дас се обидел да го заврши извештајот кога чуварот го фатил, почнал да му вика и да го турка од кадарот.
„Нашиот дописник беше оддалечен од камерата од чуварите во 12.00 часот за време на вести во живо. За жал, ова станува секојдневна реалност за новинарите во Кина. Тој е добро и можеше да ја заврши својата приказна неколку минути подоцна“, твитувале холандските медиуми.
Тоа беше изолиран случај и нема да влијае на известувањето на странските медиуми на Зимските олимписки игри во Пекинг.“ – се огласија од Меѓународниот олимписки одбор.