Принцот Хари и Меган Маркл станаа родители на малиот Арчи пред нешто повеќе од една година, но шпекулациите дека принцот всушност не е негов татко не запираат.
Токму тоа последно е наведено во магазинот Globe, повикувајќи се на неименуван извор кој, само неколку месеци пред да се роди Арчи, за магазинот открил дека малиот Арчи воопшто не е син на принцот.
Како што објаснил тогаш наводниот извор, како дел од стандардната процедура на кралскиот двор каде што се утврдува татковството пред раѓањето на детето, резултатите од ДНК тестот покажале дека Хари не е татко на детето.
„Хари пребледе од шок, а Меган почна да плаче. Тој не можеше да верува во резултатите – започна изворот, додавајќи дека принцот наскоро ги обвинил непријателите на Меган на кралскиот двор за саботажа на тестот.
За да не излезе во јавност приказната, Хари направил нов тест кој наводно покажал дека тој сепак е татко на тогаш уште неродениот Арчи. Сепак, изворот напоменал дека другите членови на кралското семејство се сомневале кога станувало збор за вистинскиот татко на најмладиот член.