Сеуште актуелниот сопруг на Каролина од Монако, принцот Ернест од Хановер, бил вмешан во инцидент што се случил пред неколку дена во луксузниот Palacio de los Duques Gran Meliá во Мадрид.
Принцот бил исфрлен на улица по жестока расправија со вработен во хотелот. Шпанските медиуми јавуваат дека ова не е прв инцидент предизвикан од принцот, па управата на хотелот побарала од него да си ги земе работите и да ја напушти зградата.
Имено, таткото на ќерката на најмладата принцеза живее во хотелот откако се преселил во Шпанија, пишува Lectures. Откако бил исфрлен од еден хотел, Ернест се преселил во друг луксузен хотел во центарот на градот.
Принцот се преселил во Шпанија за да биде поблиску со својот син Кристијан, кој живее таму со Перуанката Алесандра де Осма, со која има две деца.
Неодамна светот дозна за вонбрачната врска на Ернест со Клаудија Стилијанопулос. Парот не се криел, туку уживал во ресторани и шетал низ градот.
Минатото лето Ернест заврши на рехабилитација за алкохол. Во ноември минатата година австрискиот суд го осуди на десет месеци условно, но и тригодишна забрана за влез во земјата. Тој, наводно, во сите инциденти што ги предизвикал бил пијан.