Американскиот модел Каја Гербер ја следи нејзината мајка, супермоделот од 90-тите Синди Крафорд. Таа владее на модните писти, дизајнерите ја бркаат, стана амбасадорка на брендот YSL Beauty, а сега создаде своја модна колекција за Zara, пишува Harper’s Bazaar. Била инспирирана од модата од 90-тите, а кој знае, можеби идеите ги пронашла во плакарот на нејзината мајка, меѓу избраните облеки од периодот на нејзината најголема слава.
Нејзината колекција вклучува кожени јакни, фармерки со права нога (се претпочитаат затоа што им ласкаат на сите), мек предимензиониран елек со висока јака… Колекцијата се состои од 30 основни парчиња облека, а боите одговараат на сите и лесно се комбинираат : црна, беж, светло-кафеава. Цените се движат од 59,99 фунти за избрани фармерки и јакни до палто од камила за 199 фунти. Таа креираше и венчаница за модерни невести кои не сакаат да платат цело богатство за фустан кој се случува еднаш во животот.
“Идејата за оваа соработка беше да се создаде колекција која вклучува се што ви треба во вашата гардероба. Сакав да ги покријам најважните модни потреби и се надевам дека го постигнав тоа”, заклучила манекенката.