Масимо Савиќ почина вчера во болницата Виноград во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови, а зад себе остави бројни хитови и кариера вредна за спомен.
Веста за неговата смрт погоди многумина. Имаше верна публика во сите земји од поранешна Југославија, а од него се простија и бројни колеги.
Медиумите од регионот пишуваат за морничавата симболика на песната на неговиот колега Тони Цетински која им паднала во очи на многумина.
„Дваесет и трети декември, два часа по полноќ, ѕвони телефонот. Повик од болница. Сè ми беше јасно. Не! Има само надеж дека времето сега ги лекува сите рани и оти Господ сега ќе ми даде сила да ги преживеам тие денови“.
Ова се стиховите од песната „23 декември“ што ја испеа Масимо Савиќ во 1995 година, а ништо немаше да биде толку чудно ако самиот тој не починеше токму на тој датум како насловот на песната.
Песната беше популарна, па во 2018 година Масимо и Тони во придружба на Петар Грашo ја изведоа во живо на ХРТ.
На „Јутуб“ луѓето пишуваа коментари погодени од тажната вест.
„Оваа песна, изведена од Тони и Масимо, на денешниот датум – 23 декември – добива сосема нова димензија и значење!!!Почивај во мир драг Масимо️. Ангели те чуваат“, напиша еден обожавател.