Ресторанот на Рене Реџепи од Тетово повторно е избран за најдобар во светот (ФОТО)

by Тони Зографски

Ресторанот НОМА на нашинецот од Тетово, Рене Реџепи, кој се наоѓа во Копенхаген повторно е избран за најдобар во светот, според магазинот „Restaurant“.

Нома претходно три пати по ред беше најдобар ресторан во светот. Најдобриот ресторан го избираат 800 готвачи, сопственици на ресторани, новинари и критичари на храна.

Инаку, овој ресторан лани беше во центарот на вниманието кога шеесетина луѓе имаат труење.

Нома, предводена од готвачот Рене Реџепи, кој има потекло од Македонија, со години е на самиот врв на кулинарската уметност. Реџепи потекнува од тетовското село Џепчиште, од татко Албанец и мајка Данка, а роден е во Копенхаген. Тој вели дека неговата основна филозофија е да создава вкусна храна со локално произведени состојки.

„Има нешто во духот, природата, луѓето кои одгледуваат храна и близината на храната. Многу е важно да се поврзете со земјоделците кои одгледуваат органска храна преку напорна работа за да се одржи здрава животна средина и крајните корисници да уживаат во храната“, изјавил Реџепи.

Реџепи е на чело на Номa од 2004 година, кој покрај готвач е и негов косопственик. Тој е амбасадор на новата програма за нордиска кујна која ја подготвува во својот ресторан. Нома е концентрирана на зачувување на сите вкусови на сировата храна и користење на најдобрата сурова храна од нордискиот регион, како што се исландската урда, бобинки, гренландски биволи и локални видови риби.

Нома на дански значи нордиска храна, а ресторанот е сместен во поранешен бродски магацин на пристаништето на Копенхаген.

Листата на чекање за да резервирате место трае и до шест месеци.

останати вести