Бредли Купер и Ирина Шајк потврдија дека нивната романса повторно се разгорела кога новинарите ги фатија на романтично излегување. Ѕвездите не се криеја и ги покажаа своите чувства пред камера.
Поранешните вереници биле „уловени“ како шетаат во Њујорк. Забележана била и нивната прегратка, а изгледале и повеќе од блиски, пренесува „Daily Mail“.
Ирина Шајк и Бредли Купер на тие фотографии изгледаат како навистина вљубен пар. Официјални потврди за романсата меѓу нив сè уште нема, но фотографиите покажуваат и повеќе од тоа.
Пред само десеттина дена тие двајца исто така биле забележани во Њујорк со нивната ќерка Ли Шејн Шајк Купер, во текот на Ноќта на вештерките. Минатиот месец Ирина и Бредли уживале и на една забава, а минатото лето заедно биле на одмор што манекенката го откри на Инстаграм.
По кратката пауза започнаа да се појавуваат заедно, а се зборуваше дека главната причина за нивниот добар однос е детето над кое имаат заедничко старателство. Меѓутоа, секое нивно наредно јавно појавување укажуваше дека меѓу нив можеби има и нешто повеќе.