Бразилската фудбалска легенда Роналдо Луис Назарио де Лима ја запросил својата 14-години помлада девојка – моделот Селина Локс за време на одморот на Карибите.
Девојката на поранешниот играч на Реал Мадрид на својот Инстаграм профил споделила фотографии од одморот на кои позира веднаш до Роналдо.
Таа ја потпрела раката на неговото рамо, на која имаше сјаен прстен, додека под фотографијата напишала: „Да, се согласувам“.
„Те сакам, засекогаш“, порачала 32-годишната манекенка и го означила својот партнер.
Интересно е што една од првите што му честиташе на среќната двојка беше поранешната сопруга на Роналдо, Милене Домингес која му рекла: „Среќна сум за тебе. Господ секогаш да те благослови и чува. Да живее љубовта“.
За фудбалерот ова ќе биде трет официјален брак, а Милене му била прва сопруга. Тие беа во брак четири години, а се разведоа во 2003 година.
Во февруари 2005 година, тој наводно се оженил со моделот Даниела Цикарели. Меѓутоа, подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден од нив не го финализирал разводот од претходните партнери.
По Даниела, Назарио беше во брак со Марија Беатрис Антони од 2008 до 2012 година и заедно имаат две ќерки. Фудбалерот со сегашната партнерка е седум години.