Македонските репрезентативцни вчера со труби и тапани го прославија историскиот пласман на Европското првенство. Во хотелот „Плаза“, каде што се сместени, за одличното расположение беше задолжен плех оркестарот на Џамбо Агушев.
А токму тој беше среќникот да го има дресот на Горан Пандев кој го носеше на историскиот меч против Грузија во Тбилиси.
„Големо задоволство и чест ми е што го добив победничкиот дрес како поклон од легендата Горан Пандев. Благодарам царе- напиша Агушев на својот Фејсбук профил.
По ваквиот убав гест на Пандев, навивачите побараа за возврат музичарот да му ја даде трубата на капитенот.
-E сеа Џамбо да е фер и да му даде трубата на Гочето, напиша Димитар Стоилков на социјалните мрежи.
По ова, со коментар се јави и Џамбо Агушев кој порача:
-Значи со задоволство ќе му дадам една труба на нашио крал. И така имам дома 20 труби. Поздрав до сите вас!