Глумецот Силвестер Сталоне (72) неодамна пристигна во Сплит со сопругата Џенифер Флавин (50) и ќерките Систине (21), Софија (22) и Скарлет (17). Американската ѕвезда одморот го минува на Јадранскиот брег на јахтата „Меира“ чие изнајмување за една недела чини 133.000 евра.
Моментално петчленото семејство се „усидрило“ северозападно од Шолта, а ќерката Систине на социјалните мрежи објавува како семејството го минува слободното време.
Инаку, Сталоне утре ќе наполни 73 години.