Венсан Касел и Тина Кунаки, прошетале по црвениот тепих на 79-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
Тие двајца позирале пред фоторепортерите и пленеле со меѓусебната љубов, но и сексапилот.
Венсан избрал да носи едноставни модни парчиња, односно беж одело кое совршено му прилегало, а со него комбинирал тегет маица и црни чевли кои одлично се вклопиле во целиот изглед.
Меѓутоа, сите погледи биле насочени кон неговата избраничка, 25-годишната Тина Кунаки која избрала да облече интересен фустан во кој изгледала и повеќе од совршено.
Имено, фустанот со интересен крој којшто го нагласил сексапилот на актерката е модно парче кое придонело сите објективи да бидат насочени кон неа.
Фустанот којшто го носела Тина со змиски дезен којшто има интересен детаљ околу вратот успеал да ја истакне прекрасната фигура на актерката.
Поради кројот на горниот дел од фустанот нејзините раменици биле во прв план што придонело сите да се восхитат од нејзиниот изглед, а од друга страна за да направи баланс, Тина избрала да носи црни хулахопки кои одлично се вклопиле со фустанот, но тука се и интересните чевли со проѕирна потпетица со необичен облик.