СЕ ШИРИ ВИДЕО ОД ПАРИЗ: Никол Кидман ја турна Салма Хајек на модна ревија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На интернет стана вирално видео од незгодниот момент помеѓу Никол Кидман и Салма Хаек на овогодинешната модна недела во Париз. Тие позираа по ревијата на брендот Баленсијага, која се одржа во рамките на настанот.

Се фотографираа со пејачката Кети Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите. Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и им го сврте грбот на фотографите. Тогаш Никол разменила неколку зборови со Кејти и си заминала.

„Никол сигурно не гедаше прст пред себе со тие очила, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма и беше многу непријатно“, „Многу непотребно, нема потреба да ја турка раката далеку“, „Многу напнат момент“, напишаа луѓе во коментарите под снимката што беше објавена на Х.

Некои додадоа дека се гледа дека има тензии меѓу актерките.

https://twitter.com/i/status/1845103270601064778

останати вести