Рускиот претседател Владимир Путин вчера на владина конференција објави дека руската вакцина против ковид-19 е прва регистрирана во светот. Тој рече дека е безопасна и ефикасна и дека создава стабилен имунитет.
Вакцината ја направи Институтот за микробиологија Николај Гамалеи во Москва.
Путин рече дека една од неговите ќерки веќе ја примила вакцината.
По првата доза на вакцината, температурата на ќерката на Путин се искачи на 38 Целзиусови степени, но следниот ден се спушти на нешто над 37. Бројот на антитела што штитат од ковид 19 постојано се зголемуваше. Најверојатно Марија ја доби вакцината, затоа што медицинските лица имаат приоритет.
Имено, Марија Воронцова (35) е најстарата ќерка на Путин, а таа по професија е педијатриски ендокринолог. Воронцова студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург, а дипломирала медицина на Универзитетот во Москва.Таа е исто така советник на Путин за генетско инженерство.
Екатерина (34) е помладата ќерка на Путин и таа дипломирала на странски јазици.