Памела Андерсон во неделата се појавила на ревијата на престижниот бренд Жакемус во предградието на Париз. Носела креација на споменатата модна куќа – нова верзија на холивудски гламур.
Кога Симон Жакемус организира ревија, љубителите на модата знаат дека ќе видат моден спектакл. Фустаните како оној што го носела Памела ја одбележале синоќешната модна ревија.
Акцентот бил ставен на луксузните пердуви кои биле на облека, шешири и сандали. Биле прикажани креации со геометриски исечоци и остри кроеви кои се споени со романтични здолништа.
Шеширот како овој на актерката е еден од важните мотиви на ревијата, а пердувите речиси ја покривале Памела. Поради впечатокот кој се создава со овој додаток во комбинација со облеката, фустаните го добиле интересниот прекар „фустан печурка“.
Актерката чекорела во стил на вистинска холивудска дива на 21 век. Градник воопшто не носела, а тоа го направило нејзиното издание уште позаводливо. Некои коментираат дека изгледала прилично хаотично, но на атрактивен начин.
Ѕвезди на ревијата биле и Ирина Шајк и Мила Далбесио, а пред сè прекрасните модели на Jaquemus, меѓу кои има и модни предлози за покрупни дами.