Новинарката Ана Кокорина е репортерка на руската телевизија Канал 12, Ана Кокорина стана вирална сензација затоа што соговорничката ја нападнала во живо во програмата за време на повик од теренот.
Новинарката била многу збунета, како и нејзината колешка во студиото.
Лутата баба се навредила затоа што Ана и пришла и ја вклучила камерата, а откако ја погодила репортерката со чантата, ги нападнала блиските автомобили, што ја изнервирало затоа што „тие стојат и постојат“.
Бабата брзо станала вирален хит во Русија, а потоа и во остатокот од светот, и не траело долго, соседите ја препознале и сведочеле дека е склона на такви напади.
Ана Кокорина не била повредена за време на нападот, а полицијата соопштила дека ќе ја посетат бабата и ќе и дадат упат за психијатриско вештачење.